Женското прашање во Октомвриската револуција

До почетокот на 20-от век во речиси сите цивилизации и општества во историјата жените немаат исти права како и мажите. Тие се исклучени од сферата на јавниот живот во најголем можен степен. Нивното место е во семејниот дом, а делокругот на нивните активности се ограничува на исполнување на задачите во домаќинството. Пред Октомвриската револуција, во Европа и САД, се случиле неколку обиди за актуализирање на прашањето за еманципација на жената, меѓутоа ниту еден од тие обиди, не донесе конкретно подобрување на состојбата на жените во општеството. Но, со појавата на марксизмот, нештата силно се раздвижуваат во однос на прашањето на жените. Имено, познат е ставот на Маркс според кој степенот на еманципација на жената може да послужи како мерило за степенот на општата еманципација во општеството. Се кристализира свеста за неопходност на рамноправност на жената, а прашањето за нејзината слобода јасно се поставува во контекст на општото ослободување на човекот од капиталистичкиот експлоататорски однос.

Continue reading

23 октомври – Ден на Македонската револуционерна борба

22773630_10212112481466148_1247225464_n

 

Во втората половина на деветнаесетиот век македонскиот народ ги живееше најтешките години од своето постоење. Иако Османлиската Империја беше во длабока криза, сепак меѓународната поставеност и околностите не создаваа можност за брзо решавање на македонското прашање во корист на македонскиот народ.  Македонците и понатаму останаа под османлиско ропство, национално, економски, културно и духовно обесправени.

Continue reading

11 октомври, ден на народното востание

22386388_1894495430564606_316098664_n

Македонскиот народ ја дочека Втората Светска Војна поделен помеѓу соседните држави. Територијата на денешна Република Македонија до тогаш окупирана од Југославија овој пат се нашла под нова поделба и окупација од страна на  фашистичките Германија, Италија, Бугарија и Албанија. Бугарија како потписничка на Тројниот Пакт за награда од Германија добила дозвола да окупира територии од Македонија и Тракија. Албанија пак и самата окупирана и интегрирана од Италија одиграла голема улога во одржување на италијанската окупација во Македонија.

Continue reading

Жената низ историските процеси

Од најстари времиња, па сè до ден денес сме сведоци на постојаната борба за рамноправност помеѓу мажите и жените. Во секоја историска етапа можеме да приметиме дека една од поглавните нејзини карактеристики е нееднаквоста помеѓу половите. За жените се создало едно непишано правило дека нивна заедничка карактеристика е да бидат потчинети на машкиот авторитет, да претставуваат фабрика за репродукција на потомство, да немаат право на образование или пак на личен избор.

Во историјата се познати голем број на жени кои тргнале спротивно од овие општествени норми и ни докажале дека жената не мора да претставува само машина за деца, туку таа може да е и моќна владетелка, дипломат или политичар, воин на бојното поле, добар научник, да се занимава со поезијата или уметност. Сето тоа многу добро се имплементира во развојот на историските процеси и ни дава една преубава слика дека жената како индивидуа може еднакво да се носи со сите животни предизвици соодветно со временскиот период во кој таа живеела и дејствувала. Continue reading