Историја или мит? Улогата на жените-воини во антиката и нивното потекло

Говорејќи за минатото, не-миновно е да се спомене дека приматот на човековата цивилизација се должела на патријархалната поставеност и улогата на мажот како носечка фигура во историските процеси. Секако, ваквите ставови се некомпетентни ниту пак може улогата на човековата раса да се препише само на тој род. Антиката, која претставува една широка палета составена од извонредни цивилизации, личности и настани кои се постулатот на сеопфатниот развој на човештвото, во себе содржи еден извонреден и доста егзотичен дел од историјата во која изразот на жената го завзема своето место во истата и станува подоцна синоним за храброст и темел за безброј дела од областа на уметноста, литературата и културата на одредени народи.

Continue reading

Advertisements

Женското прашање во Октомвриската револуција

До почетокот на 20-от век во речиси сите цивилизации и општества во историјата жените немаат исти права како и мажите. Тие се исклучени од сферата на јавниот живот во најголем можен степен. Нивното место е во семејниот дом, а делокругот на нивните активности се ограничува на исполнување на задачите во домаќинството. Пред Октомвриската револуција, во Европа и САД, се случиле неколку обиди за актуализирање на прашањето за еманципација на жената, меѓутоа ниту еден од тие обиди, не донесе конкретно подобрување на состојбата на жените во општеството. Но, со појавата на марксизмот, нештата силно се раздвижуваат во однос на прашањето на жените. Имено, познат е ставот на Маркс според кој степенот на еманципација на жената може да послужи како мерило за степенот на општата еманципација во општеството. Се кристализира свеста за неопходност на рамноправност на жената, а прашањето за нејзината слобода јасно се поставува во контекст на општото ослободување на човекот од капиталистичкиот експлоататорски однос.

Continue reading